Казни за 53 возачи на мотоцикли во Скопје

од Nikola Popovski
238 прегледи

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 53 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 24 за возење без возачка дозвола, соопштија денес од МВР.

Од полицијата додаваат дека изречени се 14 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за користење на мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 50 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на МВР.

Слични содржини