Казни за 537 граѓани кои не носеле маски

од Nikola Popovski
146 прегледи

МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие (02/03.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.

Слични содржини