56 возачи биле казнети по денешната засилена акциска контрола за санкционирање возачи што управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територијата на Тетово. Од нив, како што соопшти МВР, шест возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното. 35 санкции се изречени на територијата на Тетово, а 21 на територијата на Гостивар.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.