Казни за 96 пешаци во Скопје кои не преминувале улица на пешачки премин

од Nikola Popovski
357 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои 96 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на црвено светло на затворен семафор, 15 мерки за користење на мобилен телефон…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, потенцираат од полицијата.

Слични содржини