МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ 21 Струмица, 20 Виница, Д. Капија, Гевгелија, 17 Скопје, 15 Кр. Паланка, Тетово, 14 Берово, Охрид, Прилеп,Битола, 13 Претор, 12 Тополчани, Ѓуриште, Пожар, 11 Пожаране, 8 Лазарополе, Маврово.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот. 1 Битола, Прилеп.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС Во поголемиот дел од земјава преовладуваше облачно време, а во источните и централните делови сончево со умерена облачност. Дцна попладнево врнежи од дожд имаше во Пелагонија. Дуваше слаб, а попладнево во штипскиот регион повремено умерен ветер од северен правец, кој на моменти достигнуваше брзина до 45 км/час.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Претежно облачно со умерен до засилен северен ветер, особено во горниот дел на Повардарието. Во јужните и западните делови ќе има локален дожд со слаб до умерен интензитет. И во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои во јужните делови повремно ќе бидат со умерен интензитет.
ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно, студено и ветровито, претпладне со повремен локален дожд, претежно во западните и јужните делови, кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. На повисоките планини (надморска височина над 1800м) на запад врнежите ќе поминуваат во снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Т-мин. од 3 до 11 а највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 8 до 15 степени.
Скопје Променливо облачно, студено и ветровито. Т-рите 8 /13 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре попладне следува период на претежно стабилно време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат под нула.