„Ќе дојдевме до колективен имунитет, но плативме превисока цена – 3.000 починати повеќе зошто не беа вакцинирани“

од Берта Китинска
411 прегледи

Надлежните остануваат на ставот дека сме во фаза на смирување на четвртиот бран, а Комисијата за заразни болести завчера излезе со препорака да се укинат сертификатите задолжителни за влез во моловите, што претставува еден чекор во насока на олеснување на рестрикциите.

„И оваа мерки за моловите не е целосно укината. Се̍ уште остануваат контролни механизми кои ќе го контролираат пренесувањето на вирусот во затворени простории, во делот каде што ќе биде служена храна, ќе мора да покажете сертификат, па да ја симнете маската. Постепено ќе се релаксираат мерките и не би требало да дадат било каква импликација во зголемување на бројот на новозаразени“, рече портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ.

Одлуката за укинување на сертификатите за влез во мол треба да ја донесе Владата.

Пандемијата не е завршена, но трендот е многу добар. Во последните четири недели од извештаите на Институтот за јавно здравје гледаме намалување на сите релевантни параметри што ја проценуваат состојбата со пандемијата, изјави за Утрински брифинг претседателот на Комисијата за заразни болести Д-р Александар Петличковски.

Тој смета дека појавувањето на нови вријанти на коронавирусот сега е многу потешко кога голем дел од населението 80 проценти, има постигнато колективен имунитет.

– Процентот на вакцинирање е мал во Македoнија. Тоа е најбезбеден и најдобар излез од пандемијата. Ние по потешкиот пат со прележување на болеста и сепак достигнавме и ние до 80 проценти од имунитет. Имунитетот од прележана болест е многу солиден.Сакам да ја споменам изјавата на Дејан Трајковски кој ги следи движењата со епидемијата и многу убаво дефинира: Ако сите луѓе беа вакцинирани наместо 9.000 умрени од ковид-10 денес ќе имавме барем 3.000 помалку. Сакам да кажам и да биде јасно, Ние и така ќе стигнеме до колективен имунитет, но плаќаме превисока цена – овие 3.000 луѓе кои умреа заради ковид. Доколку беа вакцинирани не мораше да умрат. Секако имунитетот после прележана болест има своето место во денешната состојба, но за жал цената е таа – 3.000 непотребни мртви, рече д-р Петличковски.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 467 случаи со ковид-19 и 414 оздравени пациенти, со што вкупниот број на активни случи во земјава изнесуваше 3.233.

Слични содржини