Ќе има казни за работодавичите кои ќе го прекршат законот: Од 1 октомври недела, неработен ден

од Берта Китинска
359 прегледи

Од 1 октомври недела ќе биде неработен ден за сите, соопшти премиерто Зорна Заев.

„Ова беше приоритет на нашата програма, направена со синдикатите и работодавачите. Недела ќе стане ден за одмор и со ова ја поддржуваме грижата и поддршката за работниците. Со ова ќе се создаде рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот. Работничката и работникот ќе бидат поефикасни и помотивирани, но и ќе имаат приватен живот, за партнерски заедници, за пријателите“, рече  Заев.

Измените во законите за работни односи и за трговски друштва се усвоени и тие ќе бидат испратени до Собранието.

Предвидени се исклучоци за оние дејности кои не можат да го прекинат работниот процес. Работниците во овие дејности кои ќе работат и во недела ќе добијат дневница најмалку 50 проценти повисока од редовната денвница и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.

Работодавичите кои ќе го прекршат законот, ќе им се забрани работа од 15 дена и ќе им се издаде прекшочен патен налог. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок за плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа не може да го намали бројот на работници.

Измените во законите за работни односи и за трговски друштва се усвоени и тие ќе бидат испратени до Собранието.

Слични содржини