Ќе има пукање во објект во Скопје поради снимање филм

од Берта Китинска

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од страна на менаџерот на продукција на играниот филм „Син портокал“ сме известени дека од утре, 23.10, до 25.10.2022 во периодот од 09.00 до 18.00 часот во објект на ул.„Фредерик Шопен“ во Скопје ќе се снимаат сцени за филмот во кој ќе биде употребено огнено оружје.

Улицата Фредерик Шопен се наоѓа во Кисела Вода, во близина на „Шампионче“ и црквата Св. Петка.

Слични содржини