Ќе има реизбор во судството

од Vladimir Zorba
72 прегледи

– СДСМ во соопштение до медиумите наведува дека граѓаните гласаа за промени и избраа Македонија да биде правна држава.

– Тоа подразбира темелни реформи во судскиот систем и реизбор во судството спроведен според најдобрите европски пракси, велат од СДСМ.

Во соопштението се наведува дека секој кој работел противзаконски на штета на граѓаните ќе одговара пред независни судски органи.

– Очекуваме чесните и одговорни политичари и пратеници во ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат реформските процеси за европска Македонија, што подразбираат и независно судство и владеење на правото, се наведува во соопштението од СДСМ