287
Секоја набавка на мебел или на возила во државните институции, мора да биде одобрена од Владата и тоа ќе биде направено само во случај доколку е неопходно, нагласи денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со вчерашната одлука на владата.
Јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, истакна премиерот, имаат обврска на три месеци да поднесуваат финансиски извештаи до Комисијата за економски систем, а потоа се разгледуваат и одобруваат на Влада.
– Секој што нема да ја почитува таа одлука ќе биде санкциониран согласно законите за трговски друштва и за работни односи, предупреди премиерот Ковачевски.