„Ќе му вратам последно да е“: Објавена нова аудио снимка на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација на Заев

од Берта Китинска
737 прегледи

На „Јутуб“ е објавена нова снимка на која наводно се слуша разговараат помеѓу осудените лица Јане Ченто и Горан Ангелов – Ќосето во кој се најавува ликвидација на премиерот Зоран Заев и неговата фамилија.

Во делот од разговорот помеѓу двајцата осуденици за крвавите инциденти на „27 април“ се слуша: „Заев ќе биде изрешетан ко куче“, „ќе му вратам последно да е“, „јас сум спремен да лежам доживотно“ „ако треба ќе умрам“.

Снимката е именувана како „Јане Ченто и Ќосето спремаат ликвидација на Заев и семејството“.

Слични содржини