Ќе одговара за сторено кривично дело, уапсена старлетата Накова

од Берта Китинска
466 прегледи

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера беше уапсена во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација.

А.Г.(31) од Гевгелија вчера во 14:30 часот е лишена од слобода на базен во Гевгелија, бидејќи не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат и е спроведена во државен карантин.Како што информира МВР, по комплетирање на случајот, за А.Г. ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик.

За настанот е известен јавен обвинител.

Слични содржини