Ќе останиме без банани засекогаш, решението нема да ви се допадне

од desk2
83 прегледи

 

Неодамна светската наука се сретна со проблемот на габички кои предизвикуваат „панамска болест“, а која ги напаѓа плантажите со банани ширум светот, и се заканува да ја истреби оваа овошка.

До сега е забележана на тлото на Австралија, Југоисточна Азија, делови од Африка и Блискиот исток, поради што стручњаците размислуваат да направат генетски модификуван вид банани кои ќе бидат отпорни на болеста.

Новиот вид банани би можеле да бидат направени пред болеста да се рашири на Латинска Америка, од каде се извезуваат повеќето банани на светскиот пазар вреден околу 30 милијарди долари годишно.

Сегашниот вид се вика кавендиш и ја сочинува 99,9 отсто од глобалната трговија со банани. Ја замени повкусната варијанта која поради болест беше во педесеттите години на минатиот век, пишува британски „Гардијан“.

„Ако ја погледнете пошироката потрошувачка од извовот, индустријата на банани вреди 30 милијарди долари годишно. Но, луѓето се позагрижени затоа што билката најчесто се клонира што значи дека болеста може да убие друго дрво, а потенцијално целата индустрија“, вели Гилард Герншо, извршен директор на комапнијата “Tropic Biosciences” која се обидува со генетска модификација да го реши проблемот.

Од компанијата јавуваат дека прелиминарните резултати на истражувањето ветуваат и дека тестирањето ќе почне во Централна Америка, Филипините и Турција во текот на следната година.

„Не се работи само за отпорноста на болеста, туку и за олеснување на товарот за животна околина. Некој вид би требало да користи помалку фунгицид и да има поголеми приноси. Тестовите покажале дека билките може добро да се носат со условите во вистинскиот свет и дека претставуваат додадена вредност за одгледувачите“, истакнува Герншо.