Градоначалникот на град Скопје, Петр Шилегов информираше дека градот ќе продолжи со уривање на една од трите галии во реката Вардар.
„Започавме постапка, па дојде една времена мерка од судот, која ја обжаливме. Според последните информации што ги добивме, нашата жалба е уважена. Очекувам наскоро да продолжиме со дислоцирање на една од трите галии“, истакна Шилегов за емисијата „10 минути“.
Во месец април годинава, градот Скопје денеска почна да ја отстранува првата од трите галии во коритото на реката Вардар, онаа поставена во непосредна близина на хотелот „Холидеј ин“.
Демонтажата ќе ја вршат екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните неколку недели, и тоа на трошок на фирмата која досега управуваше со галијата во својство на должник во извршната постапка.
Според студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи, во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти, а галиите за третина ја намалиле проточноста на реката.