Ќе се формира национално советодавно тело за младински политики

од Nikola Popovski
270 прегледи

На денешната редовна седница Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за формирање Национално советодавно тело за младински политики и ги задолжи Агенција за млади и спорт, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за правда, Министерство за локална самоуправа, Министерство за култура, Министерство за образование и наука, Министерство за здравство и Министерство за финансии, да именуваат претставник во Националното советодавно тело за младински политики, до 30 јуни 2021 година.

Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Владата формира Национално советодавно тело за младински политики како тело за соработка помеѓу младински претставници и претставници на органите на државната управа кое има советодавна и надзорна улога при спроведувањето на младинските политики и активностите за млади.

Слични содржини