Ќе се казнува: Во Куманово, Тетово и Прилеп, задолжителнo носење заштитна опрема кога ќе се излегува надвор

од Берта Китинска
138 прегледи

Од среда граѓаните од општините Куманово, Тетово и Прилеп кога ќе излегуваат надвор од своите домови ќе мора задолжително да носат заштитна опрема – маска, шал, марама. Оваа важи за сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или слично.

– Од 22 април (среда), се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјата на општините Куманово, Тетово и Прилеп, без носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама и сл.), надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или сл.

Министерството за правда треба законски да ги уреди казните за граѓаните кои нема да ги почитуваат мерките.

– Министерството за правда да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе се нормира начинот и изрекувањето на мандатни казни (со фотографска документација од местото каде граѓанинот е затекнат), како и висината на истите, кон сите физички и правни лица кои нема да ги почитуваат одлуките, кои се однесуваат на групирање на јавни места и површини на повеќе од две лица (за групирање над 5 лица да се смета за кривично дело и да има кривична одговорност) и за непочитување на минимум потребното растојание од два метри и неносење на заштитна опрема.

Властите препорачуваат граѓаните да го редуцираат излегувањето од своите домови, и тоа само од најнеопходни причини, заради одење на работа, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките.

Од денеска се забранува организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез во и од подрачјето на Општина Тетово и сите околни општини.Досега од Ковид-19 починати се 54 лица, од кои три во изминатите 24 часа.

Слични содржини