Ќе се спаси ли Водно? Владата го прогласи за заштитен предел

од desk4
213 прегледи

Скопско Водно на предлог на Министерството за животна средина стана заштитен предел. Статусот на заштитено подрачје го доби согласно законодавството за заштита на природата. Оваа одлука Владата ја донесе на денешната седница. Според министерот за животна средина Насер Нуредини со ова е обезбедена максималната заштита на Водно.

– Планината Водно долго време чекаше на добивање на статус на заштитено подрачје согласно постојното законодавство за заштита на животната средина, кое е единствената алатка за овозможување на ваква правна интегрирана заштита во Република Северна Македонија, рече министерот за животна средина Насер Нуредини после владината седница.

Според Нуредини со ова е обезбедена максималната заштита на Водно, согласно законот.
-Сега следи процесот на подготовка на потребните акти и планот за управување со конкретни мерки, за кои исто така ќе има процес на јавна консултација и ги поканувам експертите и целата јавност да учествуваат во операционализацијата на оваа заштита на вистинскиот начин, рече Нуредини.

Градот Скопје е назначен да се грижи, заштутва, и да го одржува користењето на природнте вредности на Водно. Планот за управување во себе ќе ги вгради сите потребни мерки и активности за заштита на природата, а особено мерки за управување со просторот и утврдување на систем на мерки и активности за заштита од пожари и други природни катастрофи, меѓу кои и мерките за заштита од ерозија.
Препознавајќи го исклучителното значење на планината Водно и нејзините повеќекратни функции за околните населени места и Градот Скопје, по екстензивните јавни консултации и усогласувања на предлогот, беше извршено дополнување на Одлуката со што се предвидува подготовка и на Просторен план на подрачјето, се обезбедува на исполнување на обврската на локалната самоуправа за утврдување на границите на ерозивни подрачја, како и се забранува изградба на нови објекти, доградба и надградба на постојните и проширување на урбаните опфати на населените места на територијата на заштитениот предел – Водно.

Слични содржини