Ќе се вработат и над 2.500 граѓани-се отвара „Ист Гејт Мол“ најголемиот трговски центар во Македонија и во регинот

од Берта Китинска

„Ист Гејт Мол“денеска и официјално ги отвора вратите за посетителите.

Трговскиот центар претставува уникатно архитектонско здание од последната генерација трговски центри, којшто од утре ќе го мапира Скопје како регионална шопинг дестинација, и воедно ќе биде атракција за посетителите на главниот град.

Премиерот Заев, кој ги поздрави присутните и се обрати заедно со акционерите на „Скопје Ист Гејт“, Арсим Папранику и Самир Мане, рече дека Скопје доби нов, најголем, современ трговски центар, кој претставува крупен капитален проект.

„Оваа есен добивме трговски центар од новата генерација, кој го претставува светот на едно место. Со овој проект, Скопје, нашата земја и сите ние, добиваме многу. Ќе доаѓаат домашни посетители, илјадници туристи од регионот и пошироко, и тука на едно место ќе најдат многу реномирани брендови. Она што е значајно за домашната економија, е дека ќе се вработат и над 2.500 наши граѓани. За навремена реализација на овој грандиозен мол, посветено работеа и наши домашни градежни компании. Поточно 90% од компаниите кои работеа се домашни и целиот мол го завршија во рекорден рок“, рече Заев.

„Ист Гејт Мол“ е дел од повеќенаменскиот проект „Скопје Ист Гејт“ и претставува инвестиција на Балфин Групација (Balfin Group). „Ист Гејт Мол“, новото срце на градот, официјално ќе биде отворен за посетителите на 29 октомври од 10:00 часот.

Слични содржини