„Владата предводена од СДСМ одговорно ја следи глобалната економија и последиците од новонастанатата ситуација. Државата, институциите се подготвени да одговорат на сите нови предизвици во делот на економијата и енергетиката, со цел да се заштити домашната економија и финансиската состојба на граѓаните“, соопштија од СДСМ.
СДСМ како одговорна партија, велат оттаму, преку надлежните институции ќе стори се за последиците од конфликтот во Украина врз домашната економија да бидат што помали и послаби.
„И во време на безбедносни, економски и енергетски кризи, остануваме целосно посветени на заштита на економскиот стандард на граѓаните и унапредување на домашната економија“, посочуваат од Бихаќка.