„Ќе ти фрлиме бомба“: Капитенот на Манчестер доби застрашувачки закани

од Nikola Popovski

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер добил мејл со застрашувачка содржина дека ќе му биде фрлена бомба во неговата куќа.

Полицијата пристигнала со кучиња трагачи во вилата во која живее Мекгваер со неговата вереница Ферн Хокинс и нивните две ќерки.

Мегваер и неговите соиграчи редовно добиваат смртни закани на социјалните мрежи, поради лошата форма и резултати, но контекстот на оваа последна закана се сфаќа исклучително сериозно.

Поради тоа што е капитен и што е особено во лош момент, Мегваер е под најжесток удар од навивачите.

Тој беше исвиркан на Вембли минатиот месец, додека играше за Англија против Брегот на Слоновата Коска.

Слични содржини