Кеирош за потегот на Роналдо: Тоа беше црвен картон

од Vladimir Zorba

Селекторот на Иран, Карлос Кеирош најави дека ќе остане на чело на националниот тим, и покрај елиминацијата во групната фаза на Светското првенство. Тој го прокоментира и спорната ситуација со Роналдо и дали Кристијано требаше да добие црвен картон.

Иран одигра нерешено 1:1 со татковината на Кеирош – Портгуалија, во последниот натпревар од групата Б, а пропуштениот удар од чиста позиција на Тарик Мехди во последните секунди ги лиши Персијците од победата и пласман за следната фаза.

„Мене ми беше укажана чест да добијам понуда за нов договор што ќе ја прифатам. Нашиот сон заврши со овој натпревар. Ја поздравувам Португалија, од денес натаму ќе ги поддржувам нив на светското. Но не сакам да го коментирам судењето“.

„Системот за видеоповторувања е прилично нејасен и не разбирам што се случи. Потегот на Роналдо беше за црвен картон. Натпреварот беше запрен поради еден играч, кој удри друг со лакт. Тоа е црвен картон и не е важно дали е против Меси, или против Роналдо“.

„Фудбалот има свои правила. Тука нема средина. Или има удар со лакт, или нема. Не можам да си го објаснам жолтиот картон. Штом се користи ВАР, нема место за грешки. Мислам дека играчите заслужуваат честитки за настапот“, рече уште Кеирош.

Слични содржини