Кејн израмни рекорд на Серхио Агуеро

од Vladimir Zorba
412 прегледи

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн ја освои наградата за најдобар играч во Премиер лигата. Ова е седма ваква награда за капитенот на Англија, со што го израмни рекордот на Серхио Агуеро, кој има исто толку награди.

Тотенхем освои три победи во четири натпревари во март, зголемувајќи ги своите шанси во спорната битка за топ 4. На тие натпревари, Кејн постигна четири гола и запиша две асистенции. Капитенот на Англија ги победи Мати Каш, Трево Чалоба, Каи Хаверц, Дејан Кулушевски, Ендрју Робертсон, Букајо Сака и Ајван Тони.

Во март, Кејн постави и рекорд во Премиер лигата за најмногу голови на гости. Тој го престигна Вејн Руни кој има 94 гола на гостувањата во Премиер лигата.

Слични содржини