Кејн ќе биде на линија за финалето во ЛШ

од Vlatko K
90 прегледи

Напаѓачот на Тотенхем, Хери Кејн ќе биде достапен на Маурисио Почетино за финалето на Лигата
на шампионите на 1-ви јуни, објавија англиските медиуми.

Напаѓачот се опоравува неколку недели од повредата на глуждот, поради која ги пропушти
последните 9 натпревари во Премиер Лигата.

Тој, сепак, веќе трча, а се очекува во следните денови да почне со вежби со топка, како и
спринтови, за да може да поврати барем дел од формата пред еден од најважните натпревари во
историјата на Тотенхем.

Подобрувањето на неговата состојба е одлична вест и за националниот селектор Герет Саутгејт, кој
планира да го вклучи во продолжениот состав за финалето во Лигата на Нациите. Само 5 дена по
судирот на Ливерпул, „трите лава“ играат полуфинале со Холандија во Гимараеш.

Маркус Рашфорд и Калум Вилсон се другите опции за нападот на Англија, а конечниот список од 23
играчи треба да биде финализиран до 27 мај најдоцна. Саутгејт сепак одржува стабилната врска со
медицинскиот тим на Тотенхем и добил уверување дека рехабилитацијата на Кејн оди по планот и
тој ќе биде подготвен за финалето во Лигата на шампионите, иако едвај ќе биде стартер.