Кејн: Можеби Леви ќе посака да ме продаде…

од Stefanija Kuzmanovska
400 прегледи

Хари Кејн го напушта Тотенхем на крајот на сезоната?

Гласините стануваат сè посилни, незадоволството на капитенот го прави своето бидејќи е јасно дека нема ништо од борбата за трофеи.

Кејн, наводно, е подготвен за нов предизвик, се споменува дека тој е во сериозни разговори со Манчестер Сити и дека – ако го напушти северен Лондон – „граѓаните“ ќе имаат најголеми шанси да го донесат.

Самиот англиски напаѓач призна дека очекува да разговара за иднината со сопственикот на „спарс“, Даниел Леви.

“Искрено, не знам како ќе изгледа тој разговор или какви се плановите на претседателот. Можеби тој ќе посака да ме продаде. Можеби тој ќе рече:„Јас можам да земам 100 милиони евра, зошто да не? Бидејќи за две или три години, таа бројка веројатно нема да биде поврзана со мене“, рече Кејн и додаде: „Морам да разговарам со претседателот, за да биде добар, искрен разговор. Да слушнам што планира, и на крајот одлуката дефинитивно ќе биде моја – ќе го направам тоа кога ќе разберам што е најдобро за мојата кариера“.

Англиските медиуми забележуваат дека Кејн му дал интервју на Гери Невил пред да биде објавено дека тој побарал трансфер од Леви.

„Јас сум во фаза каде што апсолутно се е можно. Луѓето може да речат: „да, тој очајно сака трофеи, потребни му се трофеи“, заклучи Кејн, кој наполни 28 години во јули.

Слични содржини