Кејн: Нека ми се смеат, воопшто не ме интересира

од Vladimir Zorba

Голгетерот на Премиер лигата од минатата сезона Хари Кејн не се трогнува од ироничните коментари по негова адреса во врска со жалбата за авторството на едниот гол од дуелот против Стоук Сити.

Првично вториот гол на Тотенхем во односниот натпревар не беше доделена на него, но по ревизија, комисија процени дека Кејн е негов автор. Така напаѓачот на Англија веќе има 26 гола, откако го гони лидерот Мохамед Салах, кој е со 30. Ѕвездата на Ливерпул не пропушти да го испровоцира Кејн со публикација во социјалните мрежи.

„Луѓето имаат свое мислење, но не ми е гајле. Некои можеби се потсмеваат со мене, но јас сум фокусиран на мојата работа“, изјави Кејн за Sky Sports.

„Луѓето се забавуваат во социјалните мрежи, но од мене се бара да си ја вршам работата на теренот и така да помагам на тимот“, додаде фудбалерот на Тотенхем.

Кејн ги коментираше неговите шанси да го стигне до Салах во натпреварот за топ-стрелец: „Двајцата имаме четири натпревари, ќе видиме што ќе се случи. Салах се справи навистина добро“.

Слични содржини