Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, најверојатно нема да се пресели во Баерн (Минхен), тврди италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо.
Слична информација се појави изминативе денови поради очекуваното заминување на полскиот голгетер Роберт Левандовски. Сепак, преговорите меѓу Минхен и Тотенхем за 28-годишниот Англичанец се уште не се ни почнати.
Договорот на Кејн со Тотенхем истекува во 2024 година и клубот е решен да му понуди продолжување, бидејќи тој е една од главните фигури во составот на „мамузите“.
Пред неколку месеци, поранешниот дефанзивец на Баерн, Џером Боатенг изјави дека Кејн е совршената замена за Левандовски, чиј договор со клубот истекува на 30 јуни 2023 година.
„За мене тој е комплетен напаѓач кој постигнува голови секој ден за Тотенхем – многу добар тим, но не и светска класа. Ако игра за тим како Баерн, мислам дека ќе беше многу добра опција за замена, на многу добра фудбалска возраст. Сè зависи од Баерн“, прокоментира 33-годишниот дефанзивец на Лион за Sky Sport Germany во мај.