Кејн: Отсекогаш сум сакал да се докажувам против Арсенал

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Голгетерот на Баерн (Минхен) Хари Кејн е амбициозен за успех против Арсенал во претстојниот реванш четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Првиот меч во Лондон заврши 2:2, а реваншот на „Алијанц Арена“ е во среда навечер од 21 часот.

За напаѓачот, судирот е поспецијален поради неговото минато во Тотенхем, кој е можеби најголемиот непријател на „топчиите“.

„Дербијата со Арсенал отсекогаш биле посебни, но јас веќе сум дел од друг клуб и само на тоа размислувам. Знам дека многу навивачи на Тотенхем ќе го гледаат натпреварот надевајќи се дека Баерн ќе продолжи понатаму и јас ќе се обидам да помогнам во тоа“, рече Кејн.

Сепак, секоја средба со Арсенал е уште попосебна затоа што, како дете, Хари Кејн бил отпуштен од академијата на Арсенал како „бесперспективен“. Ова дефинитивно го мотивира да се докаже.

„Моите игри против Арсенал отсекогаш биле едни од моите најдобри. Можно е тоа да е поради минатото, бидејќи навистина оттаму ме избркаа. Веројатно секогаш чувствував потреба да им се докажам. Во основа, мојата желба да се докажам себеси и да ги побивам другите секогаш ќе биде дел од мојата ДНК“.

Англискиот интернационалец има непријатни спомени од Лигата на шампионите, бидејќи со „петлите“ играше во финалето во 2019 година, но го загуби од Ливерпул.

„Секогаш кога ќе стигнете до финалето, но не успевате да го освоите, имате огромна желба повторно да стигнете таму и да го направите последниот чекор кон трофејот“, увери стрелецот.

И додека Кејн настапуваше на ниво и редовно постигнуваше голови, Баерн ја загуби битката за титулата во Бундеслигата. Сепак, таму му се допаѓа: „Играњето во германското првенство е големо искуство. Сепак, Леверкузен имаше фантастична сезона. Затоа сега наша цел во првенството е да завршиме втори“.

„Луѓето имаат одредени очекувања од мене дека ќе бидам на високо ниво. И тоа не ги вклучува само головите и асистенциите, туку и поради моето искуство и улога како лидер. Најмногу ја анализирам својата игра и барам грешки“.

Сега сме многу блиску до финалето на Лигата на шампионите. Ние сме оптимисти и имаме многу играчи кои играле на важни натпревари. Не е тајна дека целта на Баерн секоја година е да ја освои Лигата на шампионите. Секогаш има очекувања за овој клуб во однос на почестите во Европа. Во досегашната сезона се гледа дека играме на поинаков начин во ЛШ во однос на германското првенство.

Време е да се подигне нивото. Време е јас и останатите играчи да покажеме што можеме. Во тимот веруваме дека сме способни да постигнеме нешто големо.

Сепак, потребно е да се учи и од грешките на првиот меч против Арсенал. Одигравме добро во одбраната и направивме проблеми на противникот. Да се ​​надеваме дека ќе бидеме подобри во поседот и ќе го истуркаме Арсенал на својата половина“, заклучи Кејн.

Слични содржини