Кејт и принцот Вилијам ги воодушевија Британците со видео за кое зборува целата земја (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Војводата и војвотката од Кембриџ споделија увид во нивниот семеен живот со видео во кое им се заблагодаруваат на поддржувачите за испраќањето „љубезни пораки“ на нивната десетгодишнина од брак.

Видеото е објавено на Инстаграм со порака која гласи:

– Ви благодарам на сите за убавите пораки на годишнината од нашата венчавка. Ние сме неизмерно благодарни за десетгодишната поддршка што ја добивме во нашиот семеен живот.

Кејт Мидлтон (39), принцот Вилијам и нивните три деца може да се видат во краткото видео.

Идниот крал и неговото семејство се гледаат како се искачуваат на песочни дини на плажа во Норфолк, како седат околу камперски оган и наздравуваат и играат во градината на нивното живеалиште.

Слични содржини