Принцот Вилијам и војвотката Кејт сношти беа домаќини на прием во Бакингемската палата, наместо кралицата Елизабета, каде ги пречекаа најистакнатите гости од Африка.
„Мојата баба не може вечерва да биде со нас, но ме замоли да ви ги пренесам нејзините најтопли поздрави. Африка е посебен континент и за мене. Тоа е местото каде нашиот татко нè однесе по смртта на нашата мајка. Дури и кога размислував каде да ја запросам Кејт, не постоеше подобро место од тоа“, се обратил принцот Вилијам до присутните.
Тој во текот на својот живот честопати бил во Африка, во различни делови од континентор и се надева дека и неговите деца ќе сакаат во иднина да патуваат таму.
Секако, сите очи биле свртени кон Кејт, која за оваа прилика носи прекрасен црвен фустан, со светкави детали и салонки во истата боја. На приемот биле присутни и грофот од Весекс принцот Едвард и грофицаа Софи, а дошол и премиерот Борис Џонсон.