Кејт и Вилијам со посета на Пакистан

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Откако беше официјално потврдено дека Меган и Хари ќе отпатуваат во Африка подоцна оваа година, сега беше јасно дека друго кралско семејство размислува за посета.

Според официјалното соопштение на палатата Кенсингтон, Војводата и војвотката на Кембриџ ќе го посетат Пакистан по барање на британското Министерство за надворешни работи. Посетата ќе се одржи оваа есен.

Државата, исто така, издаде официјална најава дека населението и владата на Пакистан со нетрпение ја чекаат посетата на кралското семејство. 

Фото: Ројтерс

“Луѓето во Пакистан се уште се сеќаваат на посетата на кралицата во 1961 и 1977 година. Оваа посета е показател за тоа колку е важно врските меѓу двете земји да можат да изградат светла иднина “, се вели во соопштението.

Официјалниот профил на Вилијам и Кејт во Инстаграм вели дека ова не е прва посета на кралските припадници во земјата. Тие, исто така, споменаа дека кралицата била двапати во посета, но исто така и дека Војвотката и војводата го посетија Пакистан во 2006 година. 

Фото: Ројтерс

Сé уште не е јасно кога точно на  есен ќе биде посетата и дали брачните другари ќе ги земат нивните три деца. 

https://www.instagram.com/p/BzTw6JvlrN9/?utm_source=ig_embed