Кејт Мидлтон блесна во кралска комбинација на облека (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
439 прегледи

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон во моментов се на кралска турнеја во Шкотска, каде ќе ги извршуваат своите кралски должности до четврток.

За една од нив, Кејт избра кралска комбинација на облека – здолниште и сако што ги има носено повеќе пати во боја на мастило.

Овој пат, Војвотката ја спои своето омилено сако со двојни копчиња со лелеаво плисирано здолниште во идентична нијанса.

Дискретниот накит, на кој сме навикнати кога станува збор за Кејт, повторно беше совршен завршен детал, како и задолжителната заштитна маска, која војвотката одлично ја вклопи со останатата комбинација на облека.

Слични содржини