Нова пикантерија од љубовното минато на британскиот престолонаследник

Пред да ја запознае Кејт Мидлтон, принцот Вилијам бил во љубовна врска со пријателка од детството Арабела Мусграв, пишува во книгата „Вилијам и Хари: Зад ѕидовите на палатата“ авторката Кејти Никол.
Арабела му „паднала в око“ на младиот принц за време на една забава која ја организирал со својот брат Хари во подрумот на кралскиот имот. Арабела и Вилијам се познавале уште од детството, но кога ја здогледал на споменатата забава, веднаш му се допаднала, бидејќи, според зборовите на авторката, доста се сменила.
Како што е запишано во биографијата, Арабела и Вилијам пиеле и танцувале до раните утрински часови, а потоа и спиеле заедно. Цело лето биле неразделни, а добиле и благослов од принцот Чарлс.