Кејт Мидлтон и нејзината страст кон фотографијата

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Војвотката на Кембриџ, Кетрин, редовно ги снима трите деца. Покрај занесот по фотографија сопругата на принцот Вилијам стана новиот патрон на Кралското фотографско друштво, пренесоа агенциите, повикувајќи се на палатата Кенсингтон.

Сликите на принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луј направени од нивната мајка се со одличен квалитет и често се објавуваат како официјални фотографии.

Војвотката на Кембриџ го презеде покровителство на компанијата од кралицата Елизабета Втора, која ја извршуваше улогата 67 години.

https://www.instagram.com/p/BzImxKBlUia/?utm_source=ig_embed

 

“За нас е огромна чест да сме под покровителство на војвотката на Кембриџ Кетрин, особено имајќи го предвид нејзиниот личен интерес кон фотографијата”, вели Мајк Тајлер од Кралското фотографско друштво.

https://www.instagram.com/p/BxqMfZglEOv/?utm_source=ig_embed