Кејт Мидлтон и принцот Вилијам плаќаат малку персонал, но вака ја покажуваат својата љубов

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Иако божиќната забава за вработените на кралот Чарлс ја одбележа скандал во кој „чаши летаа низ воздухот“, персоналот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се нешто помирни и посреќни. Всушност, тие се чувствуваат како да се дел од семејството!

Познато е дека наскоро идните крал и кралица на Англија се внимателни кон своите вработени, особено за време на празничната сезона кога се обидуваат да ги одржат сите среќни и задоволни, однесување опишано како „патерналистичко“ во книгата на кралскиот биограф Роберт Лејси.

Како што пренесуваат странските медиуми, персоналот на кралското семејство не е многу добро платен, но принцот и принцезата од Велс сакаат за Божиќ да им покажат на вработените дека ги ценат и ја почитуваат нивната работа.

„Тие сфаќаат дека не добиваат многу пари, па затоа се навистина добри со нив“, се вели во биографијата.

Сè уште не е познато што Кејт и Вилијам подготвуваат за своите вработени оваа година, но во 2017 година ги изнесоа на вечера во нивниот омилен ресторан Beach Blanket Babylon во Нотинг Хил.

Слични содржини