Кејт Мидлтон и се јавила на Меган Маркл да ги смират тензиите? „Чарлс беше принуден да биде миротворец затоа што Вилијам не сака“

од Vladimir Zorba
379 прегледи

Врската помеѓу Кејт Мидлтон, принцезата од Велс и сопруга на принцот Вилијам и Меган Маркл, војвотката од Сасекс и избраничката на принцот Хари, со години е тема во светските медиуми.

Јасно беше дека не се сакаат и дека многу си замеруваат. Кејт ја искара Меган што ноншалантно навлегла во целата приказна и мислела дека сето тоа е шега и забава, а Меган ја искарала Кејт што „не и се нашла“ кога и било потребно.

Како што сега пренесува „Мирор“, Кејт Мидлтон наводно повторно и се јавила на Меган.

Се верува дека принцезата од Велс упатила повик за „смирување на тензиите“ откако Омид Скоби, новинар за кој се шпекулира дека е близок со Меган Маркл, ја објави својата биографија за врската, наречена „Крај на играта“.

Војвотката од Сасекс во интервјуто што ѝ го даде на Опра Винфри во 2021 година, тврдеше дека некој од семејството за време на нејзината бременост се грижел за тоа каква боја ќе има кожата на нејзиниот син Арчи, имајќи предвид дека таа има афро-американско потекло, а Скоби го повторил истото во неговата книга. Подоцна, медиумите објавија дека биографијата била повлечена од продажба во Холандија бидејќи Кејт Мидлтон и кралот Чарлс биле именувани како „кралски расисти“, што не било планирано и не биле споменати имињата на луѓето кои наводно се грижеле за бојата на кожата на момчето во книгата.

Сега британските медиуми пишуваат дека откако Скоби ја објавил својата книга, принцезата од Велс контактирала со јатрвата.

„Набргу откако се појавија наводите од книгата, Кејт ја повика Меган да ги расчисти работите“, изјави извор близок до семејството за In Touch Weekly, додавајќи дека кралот Чарлс побарал од снаата да и се јави на сопругата на Хари.

– Чарлс ја принуди Кејт да стане миротворец откако Вилијам одбил такво нешто, се додава во информацијата.

Таа се согласила бидејќи, кога е во прашање кралското семејство, Кејт секогаш сериозно ги сфаќала своите обврски. Таа го прави она што и е кажано, тврди изворот.

– Оваа расправија стана толку несоодветна и надвор од контрола што почна да ја засенува неговата власт и монархија. Тој сака еднаш засекогаш да го реши раздорот – тврди изворот.

Дали Кејт навистина и се јавила на Меган и што и одговорила војвотката, веројатно никогаш нема да дознаеме.

Слични содржини