Шарм и стил покажа Кејт Мидлтон во Вимблдон. Војвотката од Кембриџ беше гостинка на настанот и имаше посебна задача – да го предаде победничкиот куп на Новак Ѓоковиќ.
Тенисерот има многу медали кои ги освоил со текот на годините, но тој немал чест да добие уште едно одликување од кралската дама досега.
За да ја покаже својата почит кон Кејт, Ѓоковиќ се поклони пред неа. Сопругата на принцот Вилијам, облечена во светло син фустан, му честиташе на победата. Двајцата разменија неколку фрази.
Мидлтон подоцна разговараше и со поразениот Роџер Федерер. Нејзиниот партнер ја следеше церемонијата на доделувањето на наградите.
Според модните експерти, фустаните што Кејт со кои се појави во јавноста минатиот месец се малку поинакви од нејзиниот типичен стил. Тие се категорични дека нејзините дизајнери имаат за цел да ја скршат униформноста на нејзината облека и, како Меган, да дозволат малку слобода.

Извор: Ројтерс
Покрај Кејт, други кралски гости исто така го посетија тенискиот турнир. Пред неколку дена таа беше забележана заедно со војвотката од Сасекс. Во женско друштво го проследија тенискиот натпревар, каде што играше Серена Вилијамс (блиска пријателка на Меган), заедно со Пипа Мидлтон (Сестрата на војвотката на Кембриџ).

Извор: Ројтерс