Кејт Мидлтон во големото интервју прозборе за бременоста, породувањето и мајчинството.
Војвотката откри дека се соочувала со стравови како и секоја трудница, а открила и како е да се минува низ работи низ кои не минува скоро никој на светот.
По само три часа по породувањето, Кејт излезе пред болницата и се фотографираше со бебето и сопругот, па признала какво чувство било тоа.
– Нема да лажам, фактот дека по породувањето ќе излезам пред сите тие луѓе беше застрашувачки. И Вилијам и јас бевме свесни колку сите се возбудени поради породувањето и мило ни е што имаме толку поддршка од јавноста – рекла Кејт.
– Ни беше многу важно што можеме да ја споделиме радоста на тој начин. Меѓутоа, бевме новопечени родители, несигурни и неискусни, па беше предизвик да држиме новороденче таму. Беа тоа измешани емоции – заклучила Кејт.
Кејт еден ден по првото породување со бебето Џорџ излезе пред фотографите, додека со второто и третото бебе, во јавност излезе по неколку часа.