Кејт Мидлтон ниту еднаш не била посетена од своите деца додека била во болница, откриено зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Принцезата Кејт Мидлтон неодамна беше оперирана, а за време на престојот во приватна болница во Лондон, нејзините деца не биле таму за да ја посетат.

Во соопштението од палатата Кенсингтон се наведува дека принцезата од Велс сакала да одржува „нормална ситуација“ за да не ги загрижува децата, пишува People.

Таа одлучила нејзините три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, да не ја посетуваат за време на нејзиното опоравување од операцијата на абдоменот.

Наместо тоа, Кејт се слушала со децата преку видео повик.

Принцот Вилијам редовно ја посетувал сопругата за време на нејзиниот престој во приватна клиника во Лондон.

Деца, генерално, не смеат да ја посетуваат оваа клиника без дозвола, со цел да се заштитат пациентите од инфекции по операцијата.

Слични содржини