Кејт Мос и Каја Гербер: Кругови во модата

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Моделите од двете генерации се собраа заедно за новата рекламна кампања на Стела Макартни.

Пролет-лето 2019 доаѓа со Кејт Мос и Каја Гербер кои позираат за создавањето на модни колажи во футуристички дух и геометриски форми.

Темата за кружница е развиена и дополнета со огромна доза модни трендови, меѓу кои откриваме фустани во смели принтови, комбинезони од тексас и задолжителните чанти за сезоната.

“За оваа сезона сакав да го освојам чудото од жената: кругот на животот и љубовта да учиме од оние што нè инспирираат и биле пред нас”, вели дизајнерот на кампањата.

Извонредните и креативни колажи ја претставуваат Кејт Мос во бело и Каја Гербер во забавна и многу игрива фото сесија.