Импресивни облеки, повеќето од нив бели, беа прикажани на банкетот што го организираше кралицата Елизабета II за претседателот Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, напиша Сан.
Првата дама на Соединетите Американски Држави избра долг бел фустан комбиниран со бели ракавици. Фустанот беше дефиниран од страна на модни експерти како сив, иако на телевизија изгледаше бел.

Фото: Ројтерс
На приемот Војвотката од Кембриџ, Кејт, ѝ оддаде почит на починатата Дијана, ставајќи ја нејзината омилена дијадема. Таа, исто така, избра обетки со сафири и дијаманти на мајката на кралицата.
Сопругата на принцот Вилијам носеше бел фустан од Александар Меквин за свечениот настан. Војвотката на Сасекс Меган не беше присутна затоа што неодамна роди.
Британската кралица беше избрала бел фустан со мотиви на маргарита на Анџела Кели, во комбинација со дијамантска и рубинова тиара и со ѓердан со дијаманти и рубини. Војвотката од Корнвол – Камила, беше во кремасто бел фустан на Брус Олдфијл, со дијамантска тиара на Бушрон и со ѓердан од бисери и топази.

Фото: Ројтерс
Иванка Трамп избрала нежен фустан со мотиви кои личеа на цвеќиња во комбинација со бисерен ѓердан. На банкетот имаше 171 гостин.
Музиката вклучуваше изведби на Хендел, извадоци од “Приказна од западната страна” на Ленард Бернштајн и композицијата “Размислувајќи гласно” на Ед Шеран.
Банкетот беа сервиран по цена од 38 до 1395 фунти. Најскапо се покажа виното Шато Лафит-Ротшилд од 1990 година. Трамп, кој е заколнат трезвеник, не пробал воопшто алкохол.

Фото: Ројтерс
Менито вклучуваше филе од пиперка, филе од јагнешко месо и пролетни зеленчуци. За десерт имаше тарлетчиња со јагоди и крем со лимон и сезонски овошја.

Фото: Ројтерс