Кејти Пери и Орландо Блум планираат свадба во Дизниленд

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Според најновите гласини, Кејти Перри и Орландо Блум планираат да се венчаат во Дизниленд парк или поконкретно во замокот на Пепелашка. Покрај тоа, поп-ѕвездата и британскиот актер се надеваат дека самиот Лајонел Ричи ќе пее на нивната свадба и дури и веќе го поканиле.

34-годишната Кејти и 42-годишниот Орландо се верија минатиот месец, а во секој случај се во врска од 2016 година наваму, со разделба за кратко во 2017-та.

Вљубените сакаа да ги разменат своите свадбени завети во Дизни Светот, што, како што знаете, е во градот Орландо, Флорида.

Извори открија дека ѕвездената двојка веќе почнала да ја планира свадбата на нивните соништа, и очигледно фантазиите на невестата ќе бидат внесени во реалноста.

Кејт неодамна откри како Орландо екстравагантно ѝ понудил брак на хеликоптер.

Таа призна: “Тоа беше на Денот на вљубените. Отидовме на вечера, и мислев дека ќе гледаме некоја изложба по вечерата, и влеговме во хеликоптер. Смешно е што тој напишал на белешка сè што сакал да ми каже, за да не заборави нешто. “