Кекеновски: Добредојдени се сите што сакаат да го напуштат Груевски, освен оние замешани во криминал

од Vladimir Zorba
93 прегледи

ФРОДЕМ е отворен за сите кои планираат да се покренат од  ВМРО – ДПМНЕ и кои ги поддржуваат принципите и вредностите што ги прокламира нашето движење , вели за „Фокус“ професорот Јове Кекеновски, по информациите дека тројца пратеници од ВМРО – ДПМНЕ поради незадоволство од партиското раководство деновиве ќе  обелоденат дека го напуштаат Груевски и дека ќе преминат во партии и политички движења од десниот блок.

jove-kekenovski-650x366

„ ФРОДЕМ е со отворена врата за оние кои ги почитуваат и кои се придржуваат до нашите принципи, со исклучок на тие што се замешани во криминални дејанија. ФРОДЕМ нема да биде гума за спасување“, категоричен е Кекеновски.