Кекеновски за изборите ќе коалицира со „Тврдокорни“ и Јанко Бачев

од Aleksandar Todeski

Јове Кекеновски со ФРОДЕМ на изворите кои треба да се одржат на 12 април ќе излезе во коалиција со Единствена Македонија на Јанко Бачев и здружението „Тврдокорни“. Меморандумот за соработка беше потпишан денеска, а освен нив, во коалицијата влегува и Унијата на ветерани на ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ Демократска Фракција.

„Ова се прави поради манипулативното и нечесно владеење на политичката гарнитура на власт, предовдена од Социјалдемократскиот сојуз на Северна Македонија, како и сервилната и обезличена опозиција предводена од како и поради сервилната и обезличена опозиција, предводена од Демократската партија за северномакедонско национално единство, која цело време дејствува и е во функција и интерес на актуелната партија на власт. Втората причина е поради фактот што како коронавирус се размножија политичари како од власта, така и од опозицијата, кои одамна го изгубиле својот компас“, рече Кекеновски.

Коалицијата ја нарекле „Никогаш Северна, само Македонија“, а со цел да добијат гласови од оние кои не го прифаќаат Преспанскиот Договор. Јанко Бачев претходно му понуди коалицирање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кому му даде 48 часа да одлучи дали ќе ја прифати понудата, но одговор од него не доби.

Слични содржини