Keндал Џенер беше најлошо облечена на Оскарите

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Секоја година, церемонијата на доделувањето Оскар ги обединува холивудската и модната елита.

Црвениот тепих ги претставува нашите омилени актери, модели и пејачи во сјајни вечерни фустани и дава можност да се истакнат со извонреден моден вкус.

Некои од нив се навистина успешни во задачата, но други дефинитивно даваат лекции како не треба до следната церемонија.

Оваа година Кендал Џенер се приклучи на тимот. Моделот се појав на афтерзабавата на Vanity Fair во друштво на татко ѝ Caitlin Jenner во фустанот на Рами Кади од колекцијата за пролетта 2019 година.

Тоалетата дефинитивно покажа повеќе отколку што би сакале да видиме од Kendall Jenner, бидејќи се состои од два  прилично длабоки пресеци кои го откриваат “шармот” на моделот речиси од карлицата надолу.

Се разбира, “ефектот” бил надополнет со позицијата на Кендал, која самоуверено покажала видливост на нејзините интимни делови на црвениот тепих.

И многу луѓе ја споредија со Анџелина Џоли и нејзиниот изглед на Оскарите во 2012 година. Дали е тоа така?

Анџелина Џоли на Оскарите во 2012 и Кендал Џенер, Слики: Ројтерс

Тука две работи се особено важни. Прво – Кендал Џенер не е Анџелина Џоли и второ, ако кај актерката сексипилниот момент со шлиц ја истакнуваше нејзината искушителност, тоа кај сестрата на Ким Кардашијан повеќе наликува на манифестација на примитивност, кич и невкус.

Бидејќи тајно се надевавме дека во овие моменти со преголемо разголување одамна се демоде, и тоа е особено чудно да се појави токму од модел кој работи во оваа индустрија.