Кендал Џенер и Девин Букер раскинаа по две години врска: Откриена причината зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Врската помеѓу манекенката Кендал Џенер и НБА кошаркарот Девин Букер заврши по две години, пренесува „Е! News“.

Извор за “Е!” рече дека Кендал чувствува дека нивните патишта се разидуваат, додека друг извор истакна дека моделот и спортистот разговарале за нивната иднина, но не биле на иста страна.

Магазинот понатаму наведува дека Кендал и Девин неодамна имале тежок период и биле разделени околу недела и половина.

Портпаролот на Кендал Џенер не одговори веднаш на повиците од магазинот People кои го контактираа за коментар.

Кендал Џенер (26) првпат беше поврзана со Букер (25) во 2020 година, кога беа забележани како патуваат во Седона, Аризона.

Слични содржини