Во чест на насловната страна на Кендал Џенер за октомвриското издание на списанието “Vogue Espana”, кое што излегува истиот месец како и нејзините насловни страни за списанијата “Vogue Australia” и “Vogue Japan”, 20- годишната манекенка глуми во интересно, кратко видео за шпанското модно списание.
За време на едно-минутниот клип, Кендал зборува за нејзината желба за забава и слобода, и го демонстрира тоа со еден вид на игра на облекување.
Манекенката, претворена во балерина, може да биде видена како танцува, се врти и се “глупира” во студиото во Њујорк.
Таа носи неколку елегантни балерина- инспирирани облеки, додека нејзината коса е фатена во стилска пунџа.
Нејзиниот глас оди во позадина изјавувајќи: “ Морав да пораснам многу брзо, ама многу сакам да се чувствувам како дете.
Сакам да трчам наоколу како дете, и едноставно да немам грижа. Отсекогаш сум била многу авантуристички наклонета и сакам да правам нешта што како што се… Не знам, глупави нешта.
Мислам дека имам многу чудна смисла за хумор.”
Таа исто така додава: “ Сакам да бидам помеѓу луѓе. Луѓе со добра енергија, што ќе ја подигнат мојата.
Обожавам да се шетам наоколу и можноста да бидам слободна. Сакам само да продолжам да го правам она што го правам. Да бидам помеѓу моите пријатели и да живеам убав живот.”
Низ видеото таа се лизга и се ниша, и не прави ништо што всушнот личи на вистински балет.
На социјалните мрежи ова видео не беше љубезно прифатено и според списанието “The cut”, наводно на некои професионални балерини им пречело што самата таа е претставена како балерина, при тоа заборавајќи дека манекенките често позираат во нешто што не се експерти, како дел од нивната работа.
Додека голем дел навреди беа упатени кон Кендал, професионалната балерина Алисон Дебона, застана во одбрана на моделот.
https://www.youtube.com/watch?v=dzNtTCGa_p0