Кентаки пилешко

од desk2
437 прегледи

Пилешко месо кое ќе го обожавате – крцкаво и сочно.

СОСТОЈКИ:
500 гр пилешко бело месо
250 гр маргарин
100 гр презла
сусам
250 гр рендан кашкавал
500 гр компири
мешавина од зачини

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Излупете ги компирите, исечете ги на коцки и оставете ги додека не го подготвите месото.
Во сад измешајте презла, кашкавал, сусам и лажица мешавина од зачини.
Маргаринот растопете го. Месото исечете го на шницли или крупни коцки. Парчињата месо потопете ги во растопен маргарин, а потоа извалкајте ги во смесата со презла.
Месото наредете го во средина во плех за печење, а околу месото ставете ги коцките компири. Останатата смеса со презла рамномерно посипете ја по компирите и прелијте ги со останатиот маргарин.
Печете на 200 степени околу 40-45 минути.