Кепа се поблиску до Наполи, Челси веќе најде замена за него

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Резервниот голман на Челси, Кепа Аризабалага е многу блиску до преселба во Наполи, каде се очекува да биде стартер, пренесуваат италијанските медиуми.

Се очекува двата клуба да договорат трансфер на голманот, кој ќе биде многу поволен за наполитанците, а се чини дека лондончани се подготвени да платат 75% од неговата плата. Сепак, допрва треба да се договорат за бонусите, бидејќи во Челси сакаат да бидат во вкупна вредност од 1,5 милиони евра, а од Наполи ќе се обидат да ги намалат преку агентите на играчот кој сака да се приклучи на италијанскиот тим. Можно е да се вклучи и опција за негов откуп, која не надминува 20 милиони евра.

Во меѓувреме, според Фабрицио Романо, англискиот тим веќе ја договорил идната замена на Кепа. Станува збор за членот на американскиот Чикаго Фајр, Габриел Слонина, за кого ќе бидат платени 15 милиони долари со вклучени бонуси. Тој денеска ќе отпатува за Лондон на медицински прегледи, но нема да му се приклучи на Челси до 1 јануари бидејќи сака да ја заврши сезоната во МЛС со неговиот сегашен тим. 18-годишниот талент одигра 23 првенствени настапи оваа сезона, во кои забележа 10 „суви мрежи“ и прими 28 гола.

Во Наполи се обидуваат да ја разјаснат иднината на својот голман Алекс Мерет со кого клубот се договорил за договор до 2027 година. Сепак, играчот чека да види како ќе се развива ситуацијата со Кепа пред да го потпише предметниот договор.

Слични содржини