230
Голманот на Челси, Кепа Арисабалага може да биде позајмен во француска Ница, информира „Фуутмеркато“.
Клубот од Азурниот брег е во потрага по квалитетен голман кој ќе го замени Валтер Бенитез по неговиот трансфер во холандски ПСВ Ајндховен.
Челси го привлече Кепа во 2018 година од Атлетик Билбао, плаќајќи за Шпанецот 80 милиони евра и ангажирајќи го со седумгодишен договор.
Сепак, неговата кариера не напредува на Островот и сега е втор избор за менаџерот Томас Тухел, кој главно се потпира на Едуард Менди.