Соединетите Американски Држави го освоија златниот медал на олимпискиот кошаркарски турнир под водство на Стив Кер.
Тренерот на Голден Стејт и неговите колеги ја оправдаа улогата на фаворит, но новинарот на Форбс, Еван Сидери тврди дека Кер ќе се повлече од селекторската функција на САД, а неговиот наследник веќе е познат.
Очигледно, тимот ќе го преземе тренерот на Мајами, Ерик Споелстра, кој му беше прв асистент на Кер на Олимписките игри во Париз, па тој ќе има задача да го избере тимот за следните Игри во Лос Анџелес за четири години.
Стив Кер ги презеде Американците по Олимписките игри во 2021 година, кога златото го освои Грег Поповиќ, кој потоа ја напушти тренерската позиција.
Кој и да е на клупата на САД, јасно е дека сепак ќе бидат најголеми фаворити на следните Олимписки игри.